еМагазин
Image default
Бизнис

Реплек во првите шест месеци од годината со зголемена добивка

Консолидираната оперативна добивка на Реплек АД Скопје за периодот од 1 јануари 2020 година до 30 јуни 2020 година изнесува 76.260 илјади денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

“Оперативните приходи изнесуваат 525.641 илјади денари и се зголемени за 6%, а оперативните расходи изнесуваат 471.583 илјади денари и бележат зголемување за 12% во однос на истиот период претходната година.

Приходите од продажба на странски пазар имаат учество од 64% во вкупните приходи од продажба (2019: 56%) и имаат зголемување од 22% во однос на истиот период минатата година.

Приходите од продажба на домашен пазар имаат учество од 36% во вкупните приходи од продажба (2019: 44%) и имаат намалување од 13% во однос на истиот период минатата година.

Консолидираната добивка пред оданочување изнесува 75.080 илјади денари и е зголемена за 30% во однос на истиот период минатата година.

Реплек во текот на 2020 година има приливи од дивиденда од придружени друштва во износ од 108.000 илјади денари.

Во поединечните финансиски извештаи за периодот од 01.01.2020 до 30.06.2020 година кредитното задолжување е зголемено за 58.571 илјади денари, односно на 30 јуни 2020 година изнесува 89.321 илјади денари (на 31 декември 2019 година изнесува 30.750 илјади денари).

Во консолидираните финансиски извештаи за периодот од 01.01.2020 до 30.06.2020 година кредитното задолжување е зголемено за 99.667 илјади денари, односно на 30 јуни 2020 година изнесува 204.294 илјади денари (на 31 декември 2019 година изнесува 104.627 илјади денари)“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иван Туџаров продаде акции од „Реплек“

„Реплек“ со зголемени приходи, но и со проблеми во работењето поради корона вирусот

Продаден блок акции од „Реплек“ за 82.000 евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казни за фирмите „Менсур Турс” и „Ганиќ ексклузив” од Скопје

Редакција

Продадени два блока акции од „Реплек“ за 98.000 евра

Редакција

Кои компании добија на тендерот на ЕСМ за ангажирање механизација во РЕК Битола вреден 11 милиони евра?

Редакција