еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Решен проблемот со парното во Скопје Север

Решен е проблемот со топланата „Скопје Север“. На денешната владина седница прифатена е информацијата за реализација на Договорот за деловно-техничка соработка на АД Електрани на Северна Македонија“ со Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје.– Владата го задолжи Акционерското друштво  за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија“, во државна сопственост, Скопје, да склучи Договор за деловно-техничка соработка за грејната сезона 2022/2023 година со Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје, во којшто ќе се регулираат сите права и обврски на Скопје Север АД Скопје.

Со потпишувањето на Договорот за грејна сезона 2022/2023  година, не се исклучува обврската за исполнување на правата и обврските по веќе склучениот Договорот за деловно-техничка соработка.

Задолжено е Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје, со потпишувањето на Договорот за грејна сезона 2022/2023 година, да ги исполни сите права и обврски од веќе потпишаниот Договор за деловно-техничка соработка, од 21.01.2022 година, со АД ЕЛЕМ – Скопје, се вели во соопштението од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 347 случаи на Ковид-19 од 2.013 тестирања

Редакција

Како ли ви текна: Очајна мерка е да се субвенционираат плати за да си одат административци

Редакција

(Фото) Топлото време ја продолжи летната сезона во Грција, температурата на водата 25 степени

Редакција