Ќе се врати ли езерото Треска во живот е прашање кое повторно се актуелизира откако Владата на една од последните седници ја разгледа и усвои информацијата врз основа на која донесе одлука за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Урбанистички план вон населено место за изградба на спортско-рекреативен центар Треска КО Глумово и КО Шишево, општина Сарај.
Имено, со оваа одлука се овозможува Општината Сарај да ја започне постапката за изградба на спортско рекреативен центар во близина на селото Глумово, кој ќе го опфати и езерото Треска, и кој вклучува изградба на викенд населба, хотелски комплекс и спортско рекреативен центар за развој на еко туризам, најавија од Владата.
Останува да се види дали замислениот проект ќе значи и средување на езерото Треска или само ќе го загуши овој предел кој е во предворјето на Матка.
Дотогаш, видеото подолу нека служи како потсетник колку беше некогаш полно со луѓе и живот езерото, кое важеше за едно од омилените прибежишта на скопјани за време на летните горештини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото/ Видео: Youtube/Skopje the capital od Macedonia/Lake side walk Treska