еМагазин
Македонија

Ревакцинирани 43,5% од полнолетните граѓани во државата, 67 вчера примиле трета доза

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.953 дози вакцини, од кои 1.282 се аплицирани како прва доза, 3.064 се ревакцинирани, а 67 граѓани примиле трета доза вакцина, велат од Министерство за здравство.

„Заклучно со 28 септември вкупно се вакцинирани 785.693 граѓани, ревакцинирани се 724.835, а трета доза примиле 137 граѓани.

52% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирании, а 32% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација, е 47%, а со две дози опфатени се 43,5% од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Странец пронајден паднат во стан во Скопје, починал во болницата „8 Септември“

Редакција

Убава вест: Оздравени 307 заразени од Ковид-19, најмногу од Скопје 71

Редакција

Осум дена во Германија е исчезната 25-годишната Наташа Соврановски

Редакција