еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани вкупно 491.169 граѓани, интересот за вакцинација останува голем

На вакциналните пунктови во државата и на терен, прва доза вакцина вчера примиле 11.925 граѓани, а вкупно се вакцинирале 16.955 граѓани, со што заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 624.819 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.115.988 дози вакцини, а ревакцинирани се 491.169 граѓани, информираат од Министерството за здравство (МЗ).

Во текот на вчерашниот ден, од МЗ информираат дека е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните и посочуваат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, како и дека во тек е и теренска вакцинација.

– Со последните бројки 68 проценти од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 66 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 62 проценти од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 53 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, се вели во соопштението од МЗ.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктови низ државата.

Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

Од МЗ, информираат дека вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата и дека само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата седниците ќе ги држи низ различни градови, прва беше Битола

Редакција

Од притвор излегуваат Камчев, Мијалков, Јанакиески, Божиновски, Панделески…?

Редакција

И привремениот бугарски премиер Јанев го потврди новото вето од Бугарија

Редакција