еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ревизорите откриваат: Македонска пошта „олеснета“ за 2,2 милиони евра од кражби и проневери

Во финансиските извештаи на Македонската пошта (Пошта на Северна Македонија) се евидентирани кусоци од благајничко работење во износ од 136 милиони денари или околу 2,2 милиони евра кои се побарувања по основ на кражби, разбојништва и проневери, утврдиле во Државниот завод за ревизија по контролата на извештаите на поштата.

За кусоците од кои 100,4 милиони денари се од кражби, а останатите од проневери е евидентирана исправка на вредност од 65,9 милиони денари.

Ревизорите укажуваат дека овие побарувања не се проценети соодветно, бидејќи кај проневерите од вработени, дел од постапките за наплата на побарувањата биле запрена, а поштата не дала информации во однос на тоа какви се очекувања за поврат на парите од кражби, дали има судска постапка, дали е поведен граѓански спор и дали е направена проценка на вредноста на побарувањето.

Целиот извештај ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ревизорите откриваат: Македонската пошта во наталожени загуби од 10 милиони евра, важно менаџерите осигурани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ново истражување открива како Kовид-19 ги зголемува шансите за дијабетес

Редакција

Општина Валандово вработува шест лица, плата до 24.426 денари

Редакција

Самит на Македонија 2025: Успешните бизнис-приказни треба да бидат мотив за постигнување на повисок животен стандард, кој зависи од секој од нас

Силвана Жежова