Рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2024, се продолжува до 8. ноември, информираа од Министерство за култура.
Оттаму велат дека наместо до денес, како што беше најавено, конкурсот ќе трае до 8 ноември до 23:59 часот, поради техничките проблеми кои настанале поради преоптоварување на системот.
„Нагласуваме дека во последните 24 часа пристигнаа над 800 пријави и апелираме да не се чека последниот момент за да избегнеме попречување во аплицирањето од технички аспект“, се вели во соопштението.
Пријавувањето на Годишните конкурси се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.