еМагазин
Image default
Балкан

Романците и Бугарите најголеми „увозници“ на Ковид-19 во Грција

Романија, Бугарија, Србија, Албанија и Шведска се првите пет земји со најголем број позитивни случаи на Ковид-19 во Грција, според податоците од Генералниот секретаријат за цивилна заштита, јави дописничката на МИА од Атина.

Во периодот од 1 јули до 16 август, заразени со коронавирусот се 615 посетители во Грција, од кои 364 се од направените тестови на аеродромите, 234 на копнените граници, а 17 на пристаништата.

Од овие 615 заразени туристи, 88 се од Романија, 86 од Бугарија, 80 од Србија, 63 од Албанија и 29 од Шведска.

Според податоците за конкретниот временски период активни се 233 случаи, 303 туристи се вратиле во нивната земја, а 79 се неактивни и остануваат во Грција.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, вчера рече дека зголемениот број позитивни случаи на Ковид-19 во земјата не се должи на туризмот, бидејќи од вкупниот број заразени од 1 јули, 17 отсто се кај туристите во Грција, а останатите 83 проценти во внатрешноста на земјата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Борисов се откажа од пратеничкиот имунитет поради аферата „Барселонагејт“, за куќа на манекенка во Барселона

Редакција

(Видео) Пријателот на Груевски ја загуби Будимпешта: Прв пораз на Виктор Орбан од 2010 година досега

Редакција

Напад со рачна граната врз објектот на општината во Северна Митровица

Редакција