еМагазин
Image default
ЖИВОТ

„Ромаверзитас“ бара ослободување на студентите од партиципација во државната квота

Здружението на граѓани „Ромаверзитас“, во ек на кризата предизвикана од Ковид-19 и имајќи ја предвид состојбата на граѓаните и семејствата на студентите, каде што двајца родители се невработени, корисници на социјална помош или имаат месечен приход во семејството понизок од минималната плата, достави барање до ректорот на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за ослободување од партиципација во државната квота која што изнесува 6.150 ден и квотата со кофинансирање која што изнесува 12.300 денари.

„Сметаме дека на овој начин со донесување на оваа мерка пред почетокот на уписите во зимскиот семестар и стартот на академската година, значително ќе се придонесе во олеснување на товарот за оваа категорија студенти кои што ќе поднесат барање до Универзитетот за ослободување, без разлика во која година на студирањето се наоѓаат.

Здружението на граѓани Ромаверзитас искрено се надева на позитивен исход и соработка со Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, претседателот на Универзитетското-студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и од Националниот младински совет, во однос на барањето за ослободување од партиципација,“ се вели во соопштението.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почнува зимата

Редакција

Почина Кирил Самарџиоски, долгогодишен директор на „Прилепска пиварница“

Редакција

Сообраќајот со зголемен интензитет надвор од градските средини, за излез на Богородица и Табановце се чека половина час

Редакција