еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Русија по одлуката на ЕУ, Г7 и Австралија за ограничување на цената на руската нафта: Ние секогаш ќе имаме купувачи

Кремљ утрово реагираше на одлуката на ЕУ, Г7 и Австралија за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел.

Во соопштението се наведува дека Москва ќе продложи со продажба на руската нафта за која се убедени дека секогаш ќе има купувачи.

„Таквите чекори неизбежно ќе резултираат со зголемена неизвесност и наметнување повисоки трошоци за потрошувачите на суровини. Без оглед на сегашното флертување со опасен и нелегитимен инструмент, ние сме убедени дека руската нафта ќе продолжи да биде барана“, се посочува во соопштението.

Земјите-членки на Г7 и Австралија вчера се договорија од 5 декември да се ограничи цената на руската нафта на 60 долари за барел.

Одлуката уследи откако земјите-членки на Европска Унија исто така постигнаа политички договор за ограничување на цената на руската нафта. Целта на ограничуавње на цената, што е идеја на Г7, е да се намалат приходите на Русија од продажбата на нафта, а во исто време да се спречи порастот на глобалните цени по стапувањето во сила на ембаргото на ЕУ на руска нафта на 5 декември.

Ограничувањето ќе им овозможи на земјите надвор од ЕУ да продолжат да увезуваат руска нафта, но ќе им забрани на транспортните и осигурителните компании да тргуваат со руска нафта ширум светот, освен ако не ја продава по цена под ограничувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ постигна договор за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Конечно познато од каде е добитникот на седумката вредна 1,7 милион евра

Редакција

Во Чернобил нема струја, може да има истекување на радиоактивни материи

Редакција

“Алкалоид” отвори нови хоризонти во третманот на ГЕРБ со течниот омепразол: Во Загреб одржана првата меѓународна конференција за иновативни решенија во третманот на ГЕРБ кај педијатриските пациенти

Редакција