еМагазин
Image default
Свет

Русија се помалку ќе го користи американскиот долар

Москва ќе го намали бројот на американските хартии од вредност кои ги поседува, како одговор на новите санкции воведени од САД, изјави рускиот министер за финансии, Антон Силуанов.

– Русија се повеќе ќе ја користи рубљата и други валути, вклучувајќи го и еврото, наместо американските долари во своите тргувања – истакна Силуанов.

САД воведоа нови санкции против Русија поради нејзината наводна одговорност за труење на поранешниот шпион Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија во Солзбери, Велика Британија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крај на 12-годишното владеење на Нетанјаху: Израел доби нова влада

Редакција

(Видео) Израел ја срамнува Газа со земја, сателитски снимки

Редакција

Бројот на убиени цивили во Украина надмина 3.000, соопшти Канцеларијата на ОН за човекови права

Редакција