еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Руската економија со пад од 20%

Руската економија ја доживува својата најлоша рецесија од 1994 година, со пад на БДП од 20 отсто во 2022 година, што е резултат на западните санкции, пишува Блумберг.

Според Министерството за финансии, Русија се соочува со најдлабоката економска рецесија во речиси три децении како резултат на зголемените санкции воведени од САД и нивните сојузници, јави агенцијата повикувајќи се на прогноза на руското Министерство за финансии за домашна употреба.

Бруто домашниот производ во 2022 година во Русија ќе се намали за 12 отсто, што е повеќе од очекуваниот пад од осум отсто од Министерството за економија.

Главните минуси се ембаргото за нафта, откажувањето на рускиот гас од страна на ЕУ, како и повеќе странски компании што ја напуштија земјата … Сето ова веројатно постепено ќе се прошири и многу негативности ќе бидат пренесени во 2023 година, коментира Блумберг.

И без сегашните санкции, се очекува руската економија да се намали за 10,8 отсто во 2022 година и за околу 5 отсто во 2023 година.

Европската унија подготвува шести пакет санкции против Русија.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведено лицето кое нападна новинар и снимател со секира

Редакција

Од Ковид-19 починаа 10 лица, најмладите на 33 и 44-годишна возраст

Редакција

Пад од 13,6%: За шест месеци на Македонската берза промет од 75 милиони евра

Редакција