еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Руските екипи суспендирани од Евролигата и Еврокупот

Раководството на кошаркарската Евролига ги суспендираше руските клубови од учество на турнири под покровителство на организацијата.

Во соопштението на Евролига се вели и дека во случај на „неповолен развој на ситуацијата“, резултатите од сите натпревари во кои учествуваат руски тимови ќе бидат поништени.

Така од учество во Евролигата се исклучени ЦСКА Москва, Зенит од Санкт Петербург и УНИКС Казан. Локомотив-Кубан од Краснодар е суспендиран од учество во Еврокупот.

Во поредокот од регуларниот дел од Евролигата, Барселона е на чело со 20 победи на 25 натпревари, второто место го зазема Реал Мадрид (20 победи во 26 натпревари), трето – Милано (17 од 25). Зенит е петти (14 од 23), ЦСКА е шеста (14 од 24), УНИКС е осми (13 од 25).

Локомотив Кубан е трет во групата А од Еврокупот, по 12 одиграни натпревари тимот има осум победи. Прв е Хувентуд (13 натпревари, 11 победи), пред Партизан (9 од 13).

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вон контрола пожарот во источниот дел на областа Атика, превентивно евакуирани четири населби

Редакција

„Аутомакедонија“ го доби тендерот на ЈП за просторни и урбанистички планови – Прилеп за набавка на автобуси вреден 975.000 евра

Редакција

Бугарскиот премиер Јанев: По изборите во Бугарија и Македонија, дијалогот ќе добие поинакво значење

Редакција