Обвинението се темели на докази, и материјални и од сведочење на поранешни колеги на Катица Јанева, така што апсолутно не е точно дека обвинението се темели само врз база на исказ на еден сведок, изјави јавната обвинителка Вилма Рускоска по завршување на денешното рочиште за случајот “Рекет“.
Обвинителството, нагласи Рускоска, со кое што моментално раководи за ниту еден предмет нема да поднесе обвинение само врз база на исказ на еден сведок или оштетен.
– Предметите физички воопшто не се донесени во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Сите тие предмети се уште се наоѓаат во просториите на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) и по истите постапуваат колегите кои и претходно постапувале по истите.
Од време на време доаѓаат да ми реферираат за постапките и во која фаза се, но сакам јавноста да знае дека истите обвинители постапуваат по тие предмети, изјави Рускоска.
Во однос на тоа дека некои од истрагите се забавени, Рускоска рече дека тоа не е така и посочи дека веќе три месеци се наоѓаме во фаза на пандемија.
– Нас судот, ако предметите и да се готови на пример, што не се, но да се готови, било кој предмет кој не е притворски во судот не ни го примаат обвинението, дури не заврши пандемијата, изјави Русковска.
Прашана дали докажале пред судот дека обвинетите примиле пари, Рускоска кажа дека факт е оти Јанева примила пари.
– Факт е дека поранешната колешка примила 50 илјади евра од Бојан Јовановски, што апсолутно не е дозволиво за ниту еден обвинител. Воопшто не битно дали тие потекнуваат од брачната двојка Камчеви или од некое други лице. Главно, примила пари што не е дозволиво по закон, изјави Рускоска.
МИА/Фото: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јанева на судењето за „Рекет“: Со Бојан Јовановски не разговаравме за СЈО, туку за модата и љубовта
Јанева сведочеше за „Рекет“: Не сум виновна, Камчев не бил привилегиран, а пари немам земено