еМагазин
Image default
Македонија

СЈО бара притвор за Мијалков и за случајот „Империја“

Специјалното јавно обвинителство побарало 30-дневено притвор за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање УБК Сашо Мијалков и за случајот „Империја“.

Мијалков веќе се наоѓа во притвор во затворот „Шутка“, откако судот на 20 ноември му одреди притвор од 30 дена на барање на СЈО за предметот „Таргет – Тврдина“.

Истрагата „Империја“ е против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

Во притвор веќе се Јордан Камчев, Цветан Панделевски, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска, Тодор Мирчевски.

МИА/Фото: А1on.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради здравствени причини на обвинителот и на дел од обвинетите одложено рочиште за “ТНТ“

Редакција

За Инспекторат за труд не било важно чии роднини работат во М-НАВ

Редакција

МВР апси поранешни високи функционери, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес

Редакција