еМагазин
Локално

Сакал да им ја запали куќата на роднините

На 19.09.2018 година околу 15.00 часот во с.Кадино, скопско, било пријавено дека во дворот од куќата сопственост на С.Ѓ.(48), И.В.(42) од с.Кадино, со кој се во роднинска врска и со нарушени меѓусебни односи, дошол со канта бензин и ја запалил кантата за ѓубре, по што пожарот ја зафатил и плевната, која била делумно опожарена, информира МВР.

Пожарот бил изгаснат од месното население и екипа на Бригадата за противожарна заштита. Повредени лица нема, а И.В. бил лишен од слобода и кај него бил пронајден еден гасен пиштол. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ООУ „Лазо Ангеловски“ партнер во два Еразмус+ КА229 проекти

Редакција

Претрес во Крушопек, приведено едно лице за недозволено поседување оржје

Редакција

Обвинителство со детали за пукањето во Маџари

Редакција