еМагазин
Image default
Македонија

Само уште едно слободно легло на инфективното одделение во Куманово

Пополнети се капацитетите на инфективното одделение во кумановската општа болница, соопштија денеска надлежните од установата. Од вкупниот капацитет од 18 легла, исполнети се седумнаесет, изјави денеска директорката на кумановската болница, д-р Снежана Захариева.

„Десет пациенти се на кислородна поддршка, што значи дека се со средно тешка до тешка клиничка слика. Останатите пациенти се со средна клиничка слика. Наплив има и во амбулантното одделение каде пациентите доаѓаат, примаат терапија и се пуштаат на домашно лекување.

Пациентите од кумановско кои се позитивни на Ковид 19, без разлика на нивната состојба се во постојана комуникација и контакт со нашите инфектолози“, изјави Захариева.

Во овој период четири медицински сестри од инфективното одделение се позитивни на Ковид 19, што е една смена во болницата. Захариева вели дека се ангажираат сестри од другите одделенија од болницата кои помагаат на инфективното одделение.

МИА/Фото: МЗ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По скринингот за корона вирусот, негативни сите 58 тестови на вработените во градинката во Делчево

Во Дебар пет новозразени со корона вирусот, активни на болеста 10 лица

Нов позитивен случај на корона вирусот во штипска конфекција, која може да биде нов кластер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тетово му се приближува на Чаир по бројот на активни случаи на Ковид-19

Редакција

30,3% од заразените со Ковид-19 во Македонија без симптоми, 66,2% имале контакт со потврден случај

Редакција

Починаа шест нови пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 368

Редакција