Samsung Electronics Co., Ltd. го претстави Galaxy Note10, нова линија на премиум смартфони коja комбинира елегантен дизајн со моќни перформанси и продуктивни алатки за да им помогнат на корисниците да го искористат секој момент.
Инспириран од генерација која ја спојува работата и приватниот живот, Galaxy Note10 овозможува слобода и можност за изразување на својата креативност, остварување на своите цели и правење на она кое го сакаат – каде и да се наоѓаат.
„Од самиот почеток, Galaxy Note ги има најдобрите технологии и карактеристики и по тоа е препознаен од своите корисници кои го имаат за да ја зголемат продуктивноста и креативноста на повисоко ниво и без напор да ги реализираат своите идеи,“, изјави DJ Koh, Претседател и CEO нa IT & Mobile Communications Division, Samsung Electronics.
„Секој елемент од Galaxy Note10 е дизајниран за да им помогне на корисниците да постигнат повеќе. Без разлика дали завршуваат голем проект на работа, снимаат или уредуваат видео, или пак ги играат своите омилени игри на мобилниот телефон.“
ИНОВАТИВЕН ДИЗАЈН ЗА ПРЕМИУМ ИСКУСТВО
Корисниците на Galaxy Note ја ценат моќта на софистицираниот дизајн и искуството кое го нуди при користењето. Секој елемент од Galaxy Note10 е скроен да биде елегантен и тенок за корисниците да можат да го посветат своето целосно внимание на идеите, проектите и содржините кои најмногу им значат.
За прв пат, Galaxy Note10 доаѓа во две големини, за корисниците да ја одберат онаа што најмногу им одговара. Galaxy Note10 доаѓа и со S Pen и Cinematic Infinity display од 6,3 инчи додека Galaxy Note10+ доаѓа со најголемиот Note Cinematic Infinity display до сега, од 6,8 инчи.
Екранот на Galaxy Note10 е најдобриот кој Samsung го има создадено.
Раб-до-раб дизајн: Раб-до-раб Cinematic Infinity екранот на Galaxy Note10 се простира од раб до раб и e скоро без рамки, додека исечокот за предната камера во самиот екран е толку мал и центриран што има совршено балансиран дизајн.
Екран со најдобар квалитет: Galaxy Note10 го краси високо наградуваниот Dynamic AMOLED екран со HDR10+ сертификатот и динамично пресликување на тоновите, кој ги прави сликите и видеата појасни отколку кај претходните Note уреди и истите имаат зачудувачки широк опсег на бои. Galaxy Note10 екранот е верифициран од UL поради 98% униформност на бојата и осветленоста.
Eye Comfort екранот го намалува зрачењето на сината светлина без да влијае на квалитетот на бојата за попријатно искуство во гледањето.
НАДГРАДЕНА ПРОДУКТИВНОСТ ЗА МАКСИМИЗАЦИЈА НА СЕКОЈ МОМЕНТ
Корисниците на Note секогаш ја ценат својата продуктивност и го гледаат својот телефон како суштински дел од животот кој им помага во постигнување на подобри резултати.
За тие корисници, Galaxy Note10 има нови технологии, надградени можности и моќни интеграции, сè за да им овозможи поголема слобода и продуктивност во работата.