Премиерот Димитар Ковачевски од собраниската говорница вчера одговарајќи на пратеничко прашање изјави дека пратеничката група на СДСМ ќе поднесе амандман доколку постои можност да се амнестираат осудени лица од убиството кај Смилковското Езеро.
– Штом законот влезе во собраниска процедура, доколку има такви случаи кои ги наведувате, пратеничката група на СДСМ ќе поднесе амандман со кој истите ќе бидат исклучени од можноста за амнестија, рече Ковачевски.
Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ го праша премиерот дали како родител е подготвен да ги амнестира помагателите во убиството кај Смилковското Езеро.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лога не одговори дали со Законот за амнестија ќе бидат ослободени двајца од осудените за „Монструм“
МИА/Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.