еМагазин
Image default
Македонија

Се јави министерот Адеми: Не сум вршел притисок при изборот на проекти од Годишната програма на Министерството за култура

По бројните реакции во јавноста за Годишната програма на Министерството за култура, на неговиот Фејсбук профил од Берлин, се јави и министерот за култура, Асаф Адеми.

„Одлуките за секој проект се земени врз основа на предлог на професионалната комисија и
во ниту еден случај не сум вршел никаков притисок за избор на некој проект.

Со големо внимание ги следам критиките, реакциите, пофалбите и предлозите, исто така сакам да Ви кажам дека сум во постојан контакт со членовите на комисите и со правната служба при министерството.

После консултаците што ги имаме, заедно ќе одлучиме за следните чекори.

Истовремено, би Ви обврнал внимание на следното: моето мото ‘култура за сите‘ беше без било каква етничка, политичка или религиозна предрасуда и јас не сум од тие политичари што функцијата ја гледа како алатка за лично богатење.

Во овој период најповеќе се потрудив да ја зголемам транспарентноста, борбата против корупцијата и да не правам било какви разлики меѓу граѓаните на државата.

За мене политичката функција ‘Министер’ не е света“, пишува Адеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Заев најави дека дел од конкурсот на Министерството за култура ќе биде поништен

Кои се претседателите на комисиите кои одлучуваа за скандалозната распределба на пари во Министерството за култура?

„На кого му треба Џез фестивал додека има Ѕвезде Гранда“: Твитер „прегреа„ за Годишната програма на Министерството за култура

Кој се е оштетен со Годишната програма на Министерство за култура: „Танец“ сотрен, Ансамблот на албански народни ора и песни колку барал толку добил

Фото: Фејсбук/Адеми

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трет ден по ред: Нова дојава за бомба во едно училиште во Скопје

Редакција

ДИК ги повика граѓаните да проверат дали се на избирачки список

Редакција

Нови 135 случаи на Ковид-19, во Скопје 76

Редакција