Премиерот Зоран Заев во интервју за телевизијата Клан се пожали дека претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини не му дозволил да сретне со македонските фудбалери.
“Фудбалерите ме поканија да се сретнеме и јас со задоволство прифатив, но председателот на ФФМ, гопсподинот Сејдини не дозволи средба, ниту во просториите на Федерацијата, ниту во ресторан.
Сепак, јас и фудбалерите деновиве ќе се сретнеме и веќе ги поканив таа средба да биде во Владата.
Јас немам ништо против Сејдини, но тој треба да ги почитува законите, кој и како избираат раководство на Федерацијата и затоа пред некој ден изјавив дека фудбалската Федерација е заробена од актуелниот председател.
Не може раководството да го бираат делегати од општински фудбалски организации, а да не го прават тоа членовите на фудбалските клубови. Јас само упатив апел челниците до ФФМ да го почитуваат законот, а не да работат на своја рака…“, рече Заев.
Од ФФМ реагираа со соопштение, во кое велат дека македонската фудбалска репрезентација треба да избегне секаков вид контакт со било кое лице надвор од екипата со цел да се минимизира ризикот од зараза до секој можен степен.
„Мораме одново да потенцираме дека согласно протоколите од УЕФА, како и јасните упатства кои ги имаме добиено, не сме во можност да организираме каков било прием за поединци или лица од државни институции од причина што одговорноста за заштита на фудбалските репрезентативци е огромна и мора да се почитува доследно затоа што последиците се големи“, велат од ФФМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Промовирана поштенска марка по повод историскиот настап на македонските фудбалери на ЕУРО2020
Фото: ФФМ