еМагазин
Локално

Се обидел да раздвои малолетници во тепачка, па го расекле со нож

Ј.Ц.(46) вчера во 15:05 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје пријавил дека дента околу 14:55 часот на улицата „Горно Лисиче“ при излегување од гостилницата здогледал 17 годишен малолетник како физички напаѓа друго малолетно лице.

Потоа Ј.Ц. му рекол да напаѓачот да престане, но малолетникот почнал да го навредува и да му се заканува, по што извадил нож и пробал да го прободе пријавителот во пределот на стомакот, но тој ја пружил раката и му била нанесена расекотина.

Ј.Ц. бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар му била констатирана телесна повреда по што бил пуштен на домашно лекување. Сочинет бил записник за констатиран прекршок по чл.12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починале на место: Познат идентитетот на петтемина загинати во сообраќајката кај Драчево

Редакција

Тешко повреден полициски службеник откако бил нападнат од 13 лица во струмичко

Редакција

Скопјанец им се заканувал на вработени во маркет

Редакција