еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се огласи разрешениот Богојески: Го поразивме Груевски, но не и груевизмот во нас

Петар Богоејски, кој беше резрешен од функцијата заменик-генерален секретар во ВМРО-ДПМНЕ се огласи на неговиот Фејсбук-профил.

„Почитувани,

Ја поздравувам одлуката на ИК на ВМРО ДПМНЕ во врска со мојот активизам во раководните структури, но не и во Партијата. Искажувам благодарност што сум ослободен од одговорноста што ја носев на себе и ја пренесував врз другите луѓе во Иницијативата за реформи.

Едноставно непомирливи се нашите два концепти, едниот за демократизација, модернизација и европеизација, а другиот за клиентелизација, криминализација и авторитарен кариеризам во ВМРО ДПМНЕ.

Невозможно е двата да функционираат заедно, а при тоа да се унапреди работењето на Партијата на принципиелни основи.

ВМРО ДПМНЕ во овој момент е целосно на погрешна страна од историјата, тргна во целосно погрешен правец и не е можно заедно на истиот воз во истиот правец.

Се надевам за кратко ќе биде тоа констатирано и ќе биде земен друг тек. Ќе повторам, го поразивме Груевски, но не и груевизмот во нас.

Се плашам дека тие политики одат во корист на плановите за поширока политичка и безбедносна дестабилизација на регионалната стабилност, што ќе резултира со загрозување на македонската државност, што за мене е без простор за било каков компромис.

Мојата максима беше и останува “Да изгубиме сите, а да добие Македонија!”

Република Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ, со или без овие политички елити на македонската политичка сцена.

Јас сум подготвен на се, само Македонија да излезе од балканскиот кружен тек и да земе правец за Европа!

Мотивирани и сигурни во нашата вистина, продолжуваме понатаму со уште поцврсти и порешителни чекори за реформи и обнова на Партијата.

На сите со кои соработував во досегашниот период, искрено Ви благодарам!“, напиша Богоејски.

Фото: Фејсбук/Богоејски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 3.810: Од Ковид-19 починаа 29 лица

Редакција

ДУИ: Скандалозен и срамен чин на упад во уставно загарантираната автономија на ИВЗ

Редакција

Борел: Денеска не е добар ден, поради Бугарија неможеме да отвориме преговори со Македонија и Албанија

Редакција