Веќе извесен период низ македонските медиуми кружи реклама која ни го сврте вниманието, бидејќи најавува нешто што досега го немало на македонскиот пазар, а е лесно достапно преку мобилен телефон.
Ваквиот начин на комуникација го поттикна нашето љубопитство и се обидовме да дознаеме нешто повеќе пред да се објави за што точно станува збор.
Очиглендо актуелната ситуација со пандемијата, ги мотивираше македонските компании да размислуваат во насока на зголемено користење на дигиталните сервиси и мобилните апликации за да реализираме многу активности директно преку мобилниот телефон.
Нас, искрено, не радува фактот дека променетите навики и новото „нормално“ нашите компании ги следат со будно око и ги прилагодуваат своите услуги со цел да бидат подостапни за своите клиенти и да им заштедат време и средства.
Нам нѝ преостанува трпеливо да почекаме и да видиме за што конкренто станува збор.