еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Се поголем број на луѓе ја користат жичарницата, лани продадени 166.791 билети

Жичарницата, со која стопанисува ЈСП „Скопје“, успешно ја заврши 2018 година. Утврден е зголемен број на продадени билети и приход во споредба со 2017 година. Вкупно биле продадени 166.791 билет, при што е остварен приход од 13.488.230 денари, додека во 2017 година се продале 160.699 билети, а бил остварен приход од 13.287.100 денари.

Во изминатава година најголем пораст е забележан кај продажбата на групните билети за возрасни. Биле продадени 7.420 билети, што е за 1.168 билети повеќе во споредба со 2017 година. Забележан е пораст и на продажбата на билети за враќање и месечни билети.

Од ЈСП „Скопје“ информираат дека посетеноста секојдневно расте, а се очекува таа да бележи пораст и во претстојниот период. Генерално, најбројни се посетите за време на викенди и празници, кога можат да се забележат сите категории граѓани. Скопјани, туристи и жители од другите градови ја користат жичарницата, уживаат во чистиот воздух и природата, панорамски ги разгледуваат градот и планината.

Врз основа на податоците од системот со кој се следи јавниот превоз, од ЈСП „Скопје“ велат дека голем придонес во случајов има и функционирањето на автобуските линии 25 (Транспортен центар – Средно Водно), 25А (Автомакедонија – Средно Водно) и 25Б (Дом на печат – Средно Водно), кои сообраќаат до Средно Водно и кои за време на викенди и државни празници се бесплатни за сите категории граѓани.

Од неодамна, поради зголемениот интерес на граѓаните за користење јавен превоз до Водно и жичарницата, ЈСП „Скопје“ го зголеми бројот на автобуси и термини на линијата 25.

Бесплатниот превоз во посочените денови функционира речиси една година и беше инициран од Град Скопје, по предлог на огромен број граѓани, пред сè од еколошки аспект и ставање во контролирано и регулиурано движење до Средно Водно.

Неодамна Жичарницата во рамки на ЈСП „Скопје“ потпиша договор за деловно-техничка соработка со тимот на Жичарницата од Сараево, Босна и Херцеговина. Соработката меѓу двете жичарници ќе значи размена на искуства меѓу двата тима, а по потреба и техничка поддршка.

МИА/Фото: ЈСП

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жичарницата на Водно од понеделник ќе работи до 18 часот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Шопинг-лудилото „garage sale“ го преполни „Рамстор мол“

Редакција

Претпразнична еуфорија со инстант лозот Еко скутер

Редакција

ЕВН Македонија е предводник на „Целите за одржлив развој“: Награден проектот за дуално образование на ЕВН Македонија – „20-20-20“

Редакција