еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се разработи „Криволак“: Војската на САД ќе гаѓа со „Блек хок“ хеликоптери, а потоа 2.000 војници во „Одлучен удар“

На Армискиот полигон „Криволак“ од денеска започнуваат вежбовни активности на припадници на Вооружените сили (ВС) на САД, кои до крајот на месецот ќе изведуваат повеќе видови гаѓања, информираат од Генералштабот на АРМ.

Оттаму соопштуваат дека во првата седмица, припадници на ВС на САД ќе изведуваат обука и гаѓање со воздухопловни оружја со хеликоптери од марката УХ-60 или популарните „Блек хок“, додека почнувајќи од утрешниот ден ќе се изведуваат обука и гаѓање со минофрлачи во кои ќе бидат вклучени и припадници од првата механизирана пешадиска бригада.

Во останатиот период, војниците на САД ќе реализираат гаѓања со користење на разни видови пешадиско оружје, а на 13 март се предвидени активности за реализација на ден за високи гости.

Ова е вторпат како се изведуваат воздухопловни гаѓања од страна на припадници на ВС на САД по извршеното сертифицирање на АП „Криволак“ од страна на седмата Команда за обука на копнените сили на САД, за можноста за користење на полигонот и од страна на воздухопловни единици на ВС на САД.

Со изведување на оваа активност се промовираат и можностите на АП „Криволак“ за изведување на различни видови на вежбовни активности од страна на армиите од земјите членки на НАТО.

Почнувајќи од утре, на Криволак ќе почне со реализација најголемата досега меѓународна воена вежба „Одлучен удар“ на која ќе учествуваат околу две илјади војници од Копнените сили на САД за Европа, од АРМ и неколку други армии, се наведува во соопштението од ГШ на АРМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Воен туризам“ на Криволак: Странците плаќаат до пет илјади евра на ден за играње војна

Фото: Aviation

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Бев свесен дека Груевски може да побегне уште кога ги објавив „бомбите“

Редакција

Убава вест: Оздравени 390 болни од Ковид-19

Редакција

Mонтирале фотографии на девојчиња и ги исмевале: Обвинителство во Кавадарци поведе постапка против малолетници

Редакција