еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

„Воен туризам“ на Криволак: Странците плаќаат до пет илјади евра на ден за играње војна

Американската војска и околу 2.000 војници од различни земји што ќе учествуваат во воената вежба „Одлучен удар“ се најновите гости на воениот полигон „Криволак“ кој од ден на ден се почесто се користи од домашната армија, но и од армиите на партнерите од НАТО.

Тоа отвара можност и за сериозна заработувачка доколку се земе предвид ценовникот за користење на воените капацитети во земјава.

Користењето на стрелиштата на Криволак за странски правни лица и вооружени сили на странски држави чини 50.000 денари на час или 300.000 денари на ден.

Интересно е што на корисниците на полигоните им се нуди сместување во апартмани односно соби во тврда градба и контејнери по цена 180 до 900 денари, а место за шатор се наплаќа 60 денари на ден.

Гостите можат да си платат и оброк, како и да изнајмат кујна.

Повеќе детали за цените ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се разработи „Криволак“: Војската на САД ќе гаѓа со „Блек хок“ хеликоптери, а потоа 2.000 војници во „Одлучен удар“

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф.Трајковски со анализа за смртноста од Ковид-19: „Безмалку половина од оние кои биле во болница, починале“

Редакција

МПЦ-ОА: Документот на СПЦ, препорака за автокефалност, надеж за скоро издавање на Томос од Вселенскиот патријарх

Редакција

Тестенините поевтинуваат за 15, а млечните производи за 10%

Редакција