Корона вирусот во Македонија пристигна на 26 февруари и засега има само еден заболен кој се лекува на Инфективната клиника. Жената е во добра состојба.
До сега, околу десетина луѓе се пријавија за да се тестираат, за кои, резултатите беа негативни. Приближно толкав број се во домашна изолација.
Која група на граѓани се најмногу погодени?
Според моменталните истражувања, кои секако не се финални, бидејќи се во рана фаза, а работите се менуваат од час во час, може да биде поопасен за повозрасните лица и за тие со хронични заболувања.
Смртноста кај повозрасните лица моментално се движи околу 50%, а процентот на смртни случаеви од корона вирус е околу 4%.
Како се лекува?
Не постои некаков посебен и специфичен протокол за лекување. Се дава пред се симптоматска терапија во зависност од степенот на манифестација на болеста и лекувањето трае од 10 до 14 дена.
„Полесните форми се лекуваат само со симптоматска терапија, потешките форми кои што ги зафаќаат белите дробови со антибиотска терапија и дополнително интензивна терапија за пациентите кои се на респираторна машина.Последна студија покажала дека овој вирус не е осетлив на лекот тамифлу, така што се лечи по овој алгоритам,“ објасни министерот за здравство Венко Филипче.
Како да се заштитиме?
Лек за корона вирус нема, но лекарите во секоја прилика истакнуваат дека силен имунитет на организмот е најдобар сојузник во борбата против овој вирус, за кој, се уште не се знае многу.
Оттука, како и за секоја борба против инфекција, вирус, грип така и за превенција од корона вирус, потребно е да се консумира здрава храна која изобилува со многу витамини, минерали, но и течности.
Речиси стандардна препорака која секој лекар ќе ви ја каже кога имате нарушен имунитет.
Како да побарате помош?
Граѓаните кои во последните две недели патувале или живеат со некој кој патувал во следниве земји/региони: регионите Ломбардија, Венето, Емилија Ромања, Пиемонт во Италија, како и Народна Република Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур, Тајван, потребно е да не доаѓаат на работа, на училиште или на факултет и да ја информираат институцијата, претпријатието и образовната институција и веднаш да се јават на телефоните за контакт во центрите за јавно здравје во Битола – 071/261-330, Велес – 071/219-278, Гевгелија – 078/545-444, Кочани – 071/373-913, Куманово – 070/215-851, Охрид – 070/723-029, Прилеп – 076/475-747, Скопје – 071/289-614, Струмица – 072/235-543, Тетово – 075/240-464, Гостивар – 076/365-161, Штип – 078/365-613, и на телефонот на Институтот за јавно здравје – 078/387-194, како и на телефонот „Ало докторе“ – 02/15-123.
Како да превенираме?
Не патувајте во земјите во кои има прогласено епидемија од корона вирус, давајте точни информации на граничните премини, подигнето го нивото на хигиена, избегнувајте јавни собири за кои има препорака и да не се организираат.
Колку се големи шансите да заболиме?
Според Светската здравствена организација (СЗО), стапката на смртност од корона вирус е 2%. Оттука 2% смртност на милион е 20.000 под услов сите да се инфицирани. Смртноста во Македонија би била тројца на милион, односно сметано на 2 милиона.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пресметавме колкави се шансите секој од нас да заболи од корона вирус и каква е стапката на смртност
Како да се заштитите од корона вирусот: АПЕЛ за целосно почитување на превентивните мерки
На овие телефонски броеви може да се јавите при сомнителни симптоми на корона вирус
АПЕЛ: Сите кои допатувале од региони со коронавирус задолжително да се јават на дежурните телефони