еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Се срамат да побараат совет за секс: За една година само 779 граѓани во советувалиштата за сексуално здравје

На годишно ниво во советувалиштата за сексуално и репродуктивно здравје во рамките на 10-те центри за јавно здравје во Македонија вкупно се советувани 779 лица и поделени се 2.205 кондоми, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Главна причина за малата посетеност на советувалиштата е недостапност на соодветно опремени простории за оваа намена, недостаток на стручен персонал и недостапни услуги од гинеколог.

Како причина за малата посетеност се наведува и работното време. Ова се однесува на советувалиштата кои се наоѓаат во малите места. Клиентите кои ги посетуваат советувалиштата, сакаат да останат анонимни, но ако се принудени да ги посетуваат советувалиштата во работното време тогаш нивната приватност се доведува во прашање.

„Имено со завршувањето на проектот, гинеколозите и номинираните лица од ЦЈЗ, кои беа ангажирани да работат во советувалиштата во недостаток на финансиската надокнада за хонорар односно прекувремена работа, се откажаа од оваа активност, односно работат во незадоволителен обем“, се вели во извештајот.

Се укажува дека за опстанок на овие советувалишта е неопходно да се обезбедат додатни финансиски средства кои ќе послужат да бидат исплатени хонорари за гинеколозите и специјалисти по социјална медицина, епидемиолози, социолози, психолози или социјални работници кои се ангажирани во работата на советувалиштата.

Заради загарантираната дискреција на клиентите кои ги користат услугите на советувалиштата, во помалите места, потребно е работата на советувалиштата да се реализира по истекот на регуларното работно време.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четириесет и пет пријавени за фаќање на крстот во Вардар во Скопје

Редакција

(Галерија) Пендаровски со сопругата на божикна света литургија во Католичката црква

Редакција

(ВИДЕО) Сведоштво на Лулзим Сулејмани, еден од преживеаните во несреќата кај „Струма“: „Се уште сум во шок, не можам да спијам, сликите од трагедијата ми се вртат во глава“

Редакција