еМагазин
Image default
Локално

Се степале вработени во тетовската болница

Двајца вработени во Клиничката болница во Тетово пријавиле во полицијата дека биле физички нападнати.

-Во 12 часот и 45 минути, А.Е. (41) од Тетово пријавил дека околу 11 часот во тетовската Клиничка болница, каде бил вработен, физички бил нападнат од Н.С.(50) од тетовско Селце, исто така, вработен во болницата.

Набрзо потоа, Н.С. пријавил дека тој бил физички нападнат од А.Е и од уште неколку други лица кои не биле вработени во болницата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Тетово.

Тетовската полиција вчера бележи и пријава за физички напад меѓу роднини на возраст од 71 и 56 години на улица „Љубо Божиновски-Пиш“ во Тетово поради нерасчистени имотно-правни односи.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кокаин пронајден кај девојка при акциска контрола на МВР во угостителски објект

Редакција

Возач излетал од пат откако му се слошило, во болница констатирале смрт

Редакција

Злосторства како на филм: МВР откри морничави детали за серискиот убиец од Добрејци

Редакција