еМагазин
Image default
Македонија

Се закануваат поплави: Можни излевања на реките, најкритично во источна Македонија

Врнежите што ќе ја зафатат земјава од денеска попладне и во текот на ноќта, ќе се интензивираат во среда и можно е да предизвикаат не само зголемување на водостоите, туку и излевања.

УХМР предупредува дека најкритично ќе биде во источниот дел на Македонија поради што апелира на внимателно движење покрај реките и суводолоците.

Водостојот на реките се уште е под прагот на нивно излевање, но позначајно зголемување се очекува во сливот на реките Пчиња, Крива, Брегалница,Струмица и Анска, како и на сите помали реки и суводолици во источниот дел на земјата.

„Од попладневните часови и претстојната ноќ, земјата ќе биде под влијание на влажни воздушни маси кои ќе условат врнежи од дожд на пониските места, додека на повисоките места и планините врнежите ќе бидат во вид на снег. Снежната бариера, над која врнежите ќе бидат од снег се очекува да биде 1.400 м.н.м.

Најпрво се очекува (денес попладне и во текот на ноќта) врнежите да бидат поинтензивни во западните делови од земјата, за во текот на утрешниот ден да се прошират на повеќе места и да ги зафатат и источните делови. Особено во текот на ноќта спроти среда и во среда претпладне се очекува да бидат пообилни во источните делови каде се очекува на места да наврнат и над 30 литри на метар квадратен дожд“, информира УХМР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко позитивен на Ковид-19, хоспитализиран е на Инфективната клиника во Скопје

Редакција

Раководителот од Блаце и уште еден полицаец суспендирани, заработија и кривични

Редакција

Судењето за “Меѓународен сојуз” продолжува на 24 март

Редакција