еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Секоја шпекулација за промена на граници, само ќе донесе повеќе неизвесност и нестабилност во регионот, вели Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, реагираше на шпекулациите кои произлегоа од наводните нон-пејпери за прекројување на границите на западниот Балкан и порача дека овие наводи не помагаат за стабилноста, јави дописничката на МИА од Брисел.

Столтенберг изјавата ја даде на прес-конференцијата по средбата со македонскиот претседател, Стево Пендаровски со кого се сретна изутринава.

-Не е на мене да коментирам нешто што не сум го видел или прочитал, но секоја шпекулација за промена на граници само ќе донесе повеќе неизвесност и нестабилност во регионот, шпекулациите не се од помош, изјави шефот на северноатлантската алијанса.

Тој истакна дека стабилноста на западниот Балкан е од клучна важност за регионот како и за цела Европа и дека НАТО инвестира во безбедноста на регионот и преку своето присуство и преку политиката на отворени врати за нови земји членки.

Претседателот Пендаровски од своја страна изјави дека тој и во минатото предупредил против вакви опасни идеи на поделба по етничка линија во регионот и увери дека ниеден од неговите соговорници во ЕУ или во НАТО не поддржува вакви концепти какви што содржат наводните нон-пејпери.

За македонскиот претседател е јасно дека лицата што стојат зад овие документи и сами се срамат од напишаното со оглед на тоа дека остануваат анонимни.

Што се однесува до билатералниот спор помеѓу Бугарија и Северна Македонија, генералниот секретар на НАТО ги охрабри двете страни да изнајдат решение и потсети дека Алијансата претставува платформа за дикусија.

-Секогаш имало разлики помеѓу сојузниците, но ние сме и платформа каде се здружуваме и се ангажираме во дијалог, рече Столтенберг, потсетувајќи дека токму благодарение на лидерство во Скопје, Атина и Софија се постигнати договорите кои овозможија Северна Македонија да стане полноправна членка на Алијансата минатата година.

Првиот човек на НАТО нагласи дека Северна Македонија е висока вреднувана земја сојузничка во Алијансата како за нејзиниот придонес во мисиите и проектите на НАТО, така и за нејзината заложба до 2024 година да постигне буџетска стапка од два отсто од бруто домашниот производ посветена на одбраната.

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тимоние: Размислувајте за идните генерации, изборот е Северна Македонија или Северна Кореја

Редакција

СДСМ денеска избира ново партиско раководство

Редакција

Гази Баба со најмногу активни случаи на Ковид-19: Детален преглед по скопските општини

Редакција