Сите јавно-здравствени установи се придржуваат до препораките за третман на итни и неодложни пациенти, вклучувајќи ги и оние со малигни заболувања. Во болниците има наредба според која, мора да постојат делови (амбуланти, патеки на движење) за овие пацинети. Притоа, на ниту еден пациент не му е скратена услугата, во ниту една здравствена установа, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата, Филипче напомена дека сите случаи на коронавирусот дијагностицирани во изминатиот период се должат на локална трансмисија.
Тоа е начинот на пренос на сите случаи утврдени насекаде низ државата.
Во однос на времето од тестирањето до добивањето на резултатот, министерот појасни дека постапката обично трае 24 часа.
– Ако се зема примерок во текот на денот, се анализира или вечерта или следниот ден. Тој процес трае 24 часа, а подразбира собирање, подготовка и изработка на земените материјали пред да се направи тестот во лабораторија, истакна Филипче.
Според него, секој што направил тест за антитела, мора да направи тест и за присутност на вирусот (антигенот) за да се знае дали е болен и дали може да ја шири зарзата.
Стручно мислење на Комисијата за заразни болести е дека асимптоматските луѓе нема потреба да се тестираат.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осум пациенти со коронавирус со потешка клиничка слика
Доктор од Психијатриската болница во Демир Хисар позитивен на коронавирусот
Нова веб-страница на која може да се добиваат информации за корона вирусот