Алијансата за Албанците и Алтернатива ја прифатија поканата од лидерот на ДУИ, Али Ахмети за зедничка средба со лидерите на партиите од албанскиот политички блок, но бараат наместо утре, таа да се одржи на друг датум, почнувајќи од 17 август.
„Сметаме дека политичкиот механизам на тркалезната маса е важен политички инструмент за координирање на позициите на албанските парламентарни партии и како таков, сметаме дека треба да продолжи да се негува за артикулација на албанските интереси во Северна Македонија.
Размислете за можноста за друг датум почнувајќи од понеделник (17.08.2020) натаму, секако со известување неколку дена претходно со дневниот ред на средбата“, се вели во писмото на Алијансата за Албанците и Алтернатива до претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Фото: Фејсбук/Алијанса за Албанците