еМагазин
Image default
Македонија

Шекеринска: Изјавата на Каракачанов не е изјава ниту на пријателство, ниту на сојузништво

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска како „само балканска“ изјава ја оцени изјавата бугарскиот колега Красимир Каракачанов дека „евентуалната донација на вакцини од Бугарија би била наменета за нивните „сонародници“ – односно за 120 илјади бугарски државјани во земјава“.

„Јас претпоставувам дека и неговиот премиер би се засрамил од оваа изјава. Оти таа не е изјава, ниту на сојузништво, ниту на пријателство. Навистина е изјава што е само балканска, ама во онаа негативната смисла.

Она што станува јасно е дека многу луѓе сакаат да печалат политички поени кои не значат ништо. Имало луѓе во Бугарија кои печалеле и пари, како што видовме од бугарските пасоши во Северна Македонија, ама во случајов ќе зборуваме за печалењето политички поени, кое сме го виделе и во минатото и кое обично не завршува сјајно.

Ама ако на прашање на вакцина и на здравје некој се труди да печали вакви поени тоа повеќе зборува за него, отколку за сите други“, вели Шекеринска во интервју за ТВ Клан Македонија.

Шекеринска додава дека Северна Македонија засега и нема понудено на соседна Бугарија, да го штити македонското небо покрај Грција, како земја сојузничка во НАТО.

„Тоа прашање се уште отворено, ние имавме одлука само што се однесува до водечката држава, тоа е Грција, која веќе учествува во ер-полисингот. И тоа е веќе НАТО мисија, ова не е веќе процес кој завршува кај нас туку е дел и од НАТО мисиите кои што бараат целосна процедура и кај нас и кај нив.

Мислам дека ова прашање за жал помина во сенка на нашите отворени прашања со Бугарија. И мислам дека ќе можеме да го разрешиме дури откако ќе биде јасно дали сојузништвото е такво како што сите тврдиме дека треба да биде“, вели Шекеринска.

Бугарската блокада на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, отвори уште една „пукнатина“ во југоисточното крило на НАТО, каде што членуваат двете земји, а според Шеќеринска тоа на некој начин ја намалува силата, а ги зголемува ризиците за Алијансата во овој регион.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Навредите и провокациите на Каракачанов кон Македонците, нема да им донесе леб на Бугарите

Помагаме не на наши соседи, туку на сонародници: Каракачанов за бугарската донација на вакцини за Ковид-19 за Македонија

Каракачанов: Македонците имаат омраза кон сите други народи, освен кон Србите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Основците од утре без маски во училиштата

Редакција

Нов телевизиски дуел на Мицкоски и Заев, вечерва на МТВ

Редакција

Судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот продолжува на 26 септември

Редакција