еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Шилегов оздраве од Ковид-19, денеска се враќа на работа

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов синоќа на својот Фејсбук соопшти дека оздравел од корона вирусот.

„Почитувани, вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид-19. Како и вчерашниот и денешниот е негативен.

И официјално, невидливиот противник е победен.

Се гледаме од утре во секојдневните активности. Ви благодарам на сите за несебичната подршка и убавите мисли и желби во изминативе 16-17 дена.

Уште повеќе благодарам на оние кои и не баш имаа такви мисли и желби.

Чувајте се, од утре заеднички продолжуваме!“, напиша тој.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Макпетрол ќе продолжи да работи без застој и рестрикции, потсетуваат дека набавка на гориво во канти е опасно и незаконски

Редакција

Извршена промена на сопственоста на Охридска банка АД Скопје

Редакција

МНР нема информации дека македонски државјани се борат во Украина

Редакција