Ксенофобичниот испад на наш сограѓанин кон туристите во центарот на Скопје е срам за градот и земјата и е спротивност на се’ што Скопје е – град на солидарноста, космополитизмот и заедништвото, вели скопскиот градоначалник Петре Шилегов на Фејсбук.
„Го нудам моето најдлабоко извинување во името на сите добронамерни скопјани. Во Скопје нема да толерираме вакво однесување. Ги повикувам надлежните да поведат истрага за овој инцидент, бидејќи остава сериозна дамка врз угледот на градот и земјата.
Драги скопјани, бидете гостопримливи, почестете ги овие туристи со насмевка и отворена душа, ако ги сретнете низ градот. Не’ на ксенофобијата и расизмот. Скопје отворен град. Град за сите,“ вели Шилегов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Азијците кои беа нападнати и навредувани во Скопје поради корона вирусот биле од Обединетите Нации
(Вознемирувачка содржина) Видео со навреди за Азијати во Скопје ги загреа социјалните мрежи
Фото: Град Скопје