еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Штипјанка доби коскено ткиво од починат донор

На Клиниката за ТОАРИЛУЦ, утрово беше направена втората трансплантација на коскено ткиво од починат донор, информира на Фејсбук, министерот за здравство Венко Филипче.

„Тимот на д-р Александар Трајановски изведе сложена операција кај 40 годишна пациентка од Штип, која минатата година при сообраќајна незгода се здобила со скршеница на десната бутна коска.

Поради незараснување на скршеницата кај пацентката, денеска на тоа место и беше трансплантирано коскено ткиво од починат донор.

Ова е втора трансплантација на коскено ткиво од починат донор на оваа клиника. Пред два месеци беше трансплантирана коска кај млада пациентка која се лекува од малигна болест на коските.

Уште еднаш благодароност до семејството на донор за нивниот хуман гест и до тимот на лекари кои ја направија трансплантацијата. На пациентката и посакуваме брзо опоравување“, напиша Филипче.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: „Доколку Заев не поднесе оставка, ќе поднесеме иницијатива за недоверба на Владата или ќе одиме на брзи избори“

Редакција

20 лица биле на возраст од 30 до 39 години: За една недела 84 смртни случаи од Ковид-19

Редакција

Нови 403 случаи на Ковид-19 од 2.118 тестирања

Редакција