еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Штипскиот пожарникар извлечен од планината Серта, и е во добра здравствена состојба

Пожарникарот на ТППЕ – Штип, кој исчезна утринава додека гаснеше пожар на планината Серта е извлечен од непристапниот терен, здравствената состојба му е добра и веќе го прегледуваат лекари од Брзата помош, вели за МИА командирот на ТППЕ – Штип, Дарко Коцев.

Тој посочи дека утринава околу 9.30 му се губи трагата на пожарникорот, кој има искуство од над 20 години, а во потрагата се вклучиле 15 негови колеги, полициски хеликоптер и ловци.

-Се уште сме на планината Серта, каде што имаме пожар на шума, нискостеблести растенија на површина од околу 50 хектари. За кратко ќе се повлечеме, бидејќи овде имаме непристапен терен, вели Коцев.

Пожарот е под контрола, но со неговото гаснење ќе се продолжи утре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Штипски пожарникар исчезнал на планината Серта

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заседава Кризниот штаб на Град Скопје поради најавата за обилни врнежи

Редакција

(ВИДЕО) Потресни снимки од Украина: Цивилите масовно ја напуштаат земјата

Редакција

Во селото Старавина пронајдени 837 неексплодирани бомби од Првата светска војна

Редакција