еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што е геноцид за што се обвинува Израел во Газа

Деновиве често го слушаме зборот геноцид, со кој се опишува состојбата со Палестинците во Појасот Газа, откако Израел ја стави територијата под опасада и уби голем број цивили.

Светот моментално е поделен околу тоа дали Израел прави геноцид.

Според едни државата има право на самоодбрана откако беше нападната од страна на милитантите на Хамас, но и дека мора да го почитува хуманитарното и меѓународно право и да ги заштити невините Палестинци.

Оваа мислење преовладува во западниот свет, кој отворено застана на страната на Израел, но и нуди хуманитарна помош за Палестинците во Газа, која засега тешко стигнува до населението, кое со недели е без храна, вода, гориво, лекови…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија, Австрија и Чешка против барањето на ЕУ за хуманитарен прекин на огнот во Газа

Но, оваа страна се уште неможе да се договори околу прашањето за хуманитарен прекин на огнот.

Според други пак Израел во Газа врши класичен геноцид, а тоа мислење преовладува во муслиманскиот свет, но и за истото предупредуваат и бројни меѓународни институции, но и бројни граѓани кои со денови протестираат низ светот за подршка на Палестина.

Оваа страна бара итен прекин на огнот, предупредувајќи дека војната ќе се прелее во регионот, што може да предизвика и Трета светска војна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што е Појасот Газа, од каде Хамас го нападна Израел

Што е геноцид?

Геноцид е меѓународно злосторство на намерно потполно или делумно уништување на националните, етничките, расните и религиските групи.

Спаѓа во најтешка група на злосторства против човештвото.

Терминот геноцид е усвоен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).

За разлика од терминот етничкото чистење, каде е цел да се исчисти територијата од одредена група на луѓе (акцентот е на протерување, што е застапено и физичко уништување), кај геноцидот цел е физичко истребување.

Во Газа досега убени над 5.000 лица, а раселени над 1 милион

Досега во нападите на израелската војска, според податоци од вчера во Газа се убиени најмалку 5.087 Палестинци, од кои 2.055 деца, соопшти Министерството за здравство на Газа.

Број на повредени е најмалку 15.273.

Бројот на раселени, самоинцијативно, но и по наредба на Израел е околу 1 милион.

Во периодот од 2008 до 2022 од страна Израел се убиени 5.590 Палестинци

Во овој контекст треба да се спомне и дека во вечниот конфликт помеѓу Израел и Палестина, во периодот од 2008 до 2022 година од страна Израел се убиени 5.590 Палестинци, покажуваат податоци на ОН.

Примери за геноцид

Еден од најпознатите е овие простори. Станува збор за геноцидот во Сребреница, кој е извршен во периодот од 11. до 23 јули 1995. година во текот на војната во Босна и Херцеговина од страна на војската на босанските Срби, и се однесува на убиство на над 8.000 босански муслимани, претежно мажи, во и околу Сребреница.

Друг познат пример е Холокауст, кој се однесува на систематско убивање на околу шест милиони европски Евреи, во текот на Втората светска војна, од страна на нацистичкиот режим во Германија, предводен од Адолф Хитлер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Демолиран ресторан на Мекдоналдс во Истанбул, откако компанијата реши да им дели бесплатни оброци на израелските војници

(Вознемирувачки видеа) 40% се деца: Израел досега уби 4.651 Палестинци

(Вознемирувачки видеа) И деца загинаа во нападот на православната црква во Газа

Фото: Израелско МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Ципрас Преспанскиот договор е пример за Бугарија и Србија

Редакција

Македонската Влада во вторник во Софија

Редакција

„Насир Туризам“ го доби тендерот за општина Гостивар за превоз на ученици вреден 44 милиони денари

Редакција