еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Што Мицкоски им ветил на обвинетите за насилството во Собранието, а не исполнил

Обвинетите за насилството во Собранието на 27 април, во прогласот кој го испратија до јавноста, објавија што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски им ветил, а не им исполнил.

„Да ве потсетиме дека лажната надеж е најтежок удар врз човековата психа. Изминативе месеци од Мицкоски ни беше ветена гаранција со имотот на партијата- тоа не бидна! Беше ветен предлог-закон за амнестија- не бидна!“, се вели во прогласот.

Тие во прогласот велат дека „спремни се со жив штит да го бранат секој нивен брат во овие историски моменти“

„Лути сме и гневни Христијане за предавството од тебе и да знаете дека секој директен или индиректен напад врз било кој од 49-те наши пратеници ќе го сметаме и за напад врз нас. Имено, ние, како обвинети во случајот за 27 април и како докажани патриоти и бранители на ова парче македонска земја, должни сме овие случувања да не ги премолчиме.

Прво, поради фактот што директно сме споменувани во периодов кој помина, а и ќе бидеме во периодот кој следува. Второ, напоменуваме дека во овие времиња, македонскиот народ мора да го води исклучиво здравиот разум. Трето, бидејќи речиси сите тука сме членови или симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, исто така чувствуваме потреба да ги коментираме постапките на партијата, со надеж дека нема да бидеме исклучени од истата“, се вели во прогласот.

Помеѓу обвинетите за настаните во Собранието се и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов кои гласаа за уставни промени, а кои експресно беа исклучени од партијата.

Пратениците излегоа од притвор за време на расправата за уставните измени, предвидени со договорот за името со Грција.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апел од обвинетите за насилството во Собранието: Немојте дечињата на пратениците кои гласале, да бидат под страв

Обвинетите за насилството во Собранието подаваат рака кон Заев и прифаќаат национално помирување

Ќе се распадне ли ВМРО-ДПМНЕ по исклучување на 7. пратеници кои гласаа „за“ промена на Уставот

Мицкоски: Пратениците ме разочараа мене, партијата и татковината и затоа ќе бидат исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денешните пријави за бомби се лажни, утврди МВР

Редакција

Косоварите низ Македонија транзитираат без ПЦР тест за Ковид-19

Редакција

На Попова Шапка утрово измерени -12 степени, снежната покривка е 78 сантиметри

Редакција