Сухејл Фазлиу и официјално не е повеќе министер за локална самоуправа, откако вчера беше разрешен од страна на Собранието.
Што пишува во неговата биографија?
Дипломирал на Универзитетот на Југоистична Европа, во Тетово, на Факултетот за современи науки и технологии.
„Во својата професионална кариера има богато искуство во сферата на информатичката технологија и тоа во реализација на консултантски услуги за локална самоуправа на проекти, во Македонија и надвор од земјата“, стои во неговата официјална биографија објавена на веб страната на Владата.
Фазлиу како независен консултант за Е-Влада и Е-Трговија, има работено за повеќе јавни претпријатија, како и за приватни компании за услугата Е-Трговија.
Во периодот од 2010 до 2015 година, работи и како консултант за информатичка технологија и веб апликации за различни компании.
“Фазлиу активно ги користи англискиот и македонскиот јазик“, стои во биографијата.
Роден 1986 година, во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што пишува во биографијата на разрешениот министер за финансии, Драган Тевдовски
Како имот пријавил поранешниот министер за финансии, Драган Тевдовски
Има само „Форд фиеста“ и кредит: Каков имот пријавил разрешениот Хазби Лика
Фото: Влада