еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Што пишува во учебникот по географија, кој Македонија ќе треба да го менува согласно Протоколот со Бугарија

Со потпишувањето на Протоколот со Бугарија, Бујар Османи, македонскиот министер за надворешни работи, всушност се согласи дека објавените податоци за последиците од Букурешкиот мировен договор во 1913 година, за поделбата на македонската територија меѓу Србија, Грција, Албанија и Бугарија, имаат територијални претензии, пишува МКД.

Во Пртоколот во делот за мерките кои треба да бидат преземени по одржувањето на Меѓувладината конференција за комплетирање на фазата на отворање на пристапните преговори, македонската Владата се согласи дека до почетокот на учебната година 2023/2024 да ја промени содржината на учебникот по географија за 7 одделение: „заради неосновани етнички/територијални претензии двете држави се согласија, при утврдување на други случаи на неосновани етнички/територијални претензии во учебници и учебни помагала, тие да бидат извадени од образовните програми и нивната содржина да биде променета“.

Истиот учебник Османи го спомена и на брифингот кога го преставуваше Протоколот.

Еве што пишува во учебникот по географија за 7 одделение, што за Бугарија е всушност етнички/територијални претенции:

„Македонија има истрија долга повеќе од 2.500 години, меѓутоа во најголем дел од тој период таа била освојувана и разделувана.

Во природните и етничките граници, Македонија зафаќа површина од 68.451 км2.

Со Букурешкиот мировен договор во 1913 година оваа територија била поделена помеѓу победничките сили во Балканските војни, односно меѓу Србија, Грција и Бугарија.

Всушност, Вардарскиот дел од Македонија бил окупиран од Србија (26.440 км2 или 38,6%), Егејскиот дел од Македонија од Грција (34.211 км2 или 50,3%) Пиринскиот дел го окупирала Бугарија (6.798 км2 или 9,9%), а еден мал дел ѝ припаднал и на Албанија (802 км2 или 1,2%)“.

Ова, според бугарското толкување значи дека за време на Балканските војни, Бугарија не окупирала македонска, туку бугарска територија, пишува МКД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лилјана Поповска: Протоколот со Бугарија е отров!

Бранимир Јовановиќ: Протоколот е трагедија за Македонија и срамота за Бугарија и ЕУ

Најчевска: Протоколот со Бугарија е страшен и понижувачки и неприфатлив

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија и годинава нема да учествува на Евровизија

Редакција

Delfino Mobility Group го лансира автомобилскиот бренд Geely во Македонија

Редакција

Нови 28 случаи на Ковид-19 од 2.619 тестирања, бројот на активни е 451

Редакција