еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Што предвидуваат измените на Законот за минимална плата кој влезе во комисиска расправа

Собраниската Комисија за труд и социјална политика на денешната седница ја почна расправата за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Македонија по скратена постапка, во второ читање, за кој, како што кажа претседтелката на Комисијата Весна Пемова од ВМРО-ДПМНЕ, не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Поради неопходноста од учество на членовите на Комисијата на пленарната собраниска седница, расправата беше прекината веднаш по образложението од заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар, а нејзиното одолжение дополнително ќе биде закажано.

Бајрактар рече дека измените на Законот за минимална плата се носат со цел да се поттикнат работодавачите кои имаат финансиски проблеми да ги исплатат зголемените плати на вработените кои се покачени над минималната плата и изнесуваат до 18.000 денари нето плата.

– Ваквиот предлог се прифати на седницата на социјално-економскиот совет што се одржа во Владата на 1 мај 2018 година поради што се неопходни измени на Законот.  Планирано е финансиската поддршка да се обезбедува во периодот од јули 2018 до декември 2019 година и да изнесува 30 отсто од разликата помеѓу бруто платата на работникот во тековниот месец и просечната бруто-плата на работникот исплатена во месеците октомври, ноември и декември 2017 година при што максималната финасиска поддршка може да изнесува 1.200 денари, рече Бајрактар.

Нагласи дека сретставта за исплата на финансиската поддршка се веќе обезбедени и според проекциите доколку аплицираат сите кои ги исполнуваат условите со мерката ќе бидат опфатени околу 50.000 вработени и 15.000 работодавачи.

– Во предложениот закон јасно се дефинирани условите кои треба да ги исполнат работодавачите за да се стекнат со право за финансиска поддршка, како и нивните обврски – рече Бајрактар.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намален бројот на издадени одобренија за градење

Редакција

Моделот за помош на туристичко-угостителскиот сектор го засноваме „на тоа што сите сме посеале“, вели Битиќи

Редакција

Синдикатот потсетува: Затвор до една година за работодавачите кои ќе „забушаваат“ со исплата на К-15

Редакција