еМагазин
Image default
Техно

Што сѐ нудат современите паметни QLED телевизори?

Од работа во удобноста на вашиот дом, до сериозен тренинг, современите паметни телевизори обезбедуваат неколку погодности и корисни опции за секојдневниот живот. Сето ова не би било возможно без комбинација на најсовремената QLED технологија за визуелно прикажување на содржина и паметните опции што го претвораат телевизорот во мултифункционален уред за секоја пригода.

Екраните на современите модели се подеднакво идеални за прикажување на вашите омилени серии, но и професионални програми за тренинг, со едноставни команди за управување со апликациите и поврзаните  уреди што ја прават работата од дома попродуктивна отколку порано.

Еве неколку примери за тоа што сѐ им нудат на корисниците следната генерација на паметни телевизори на Samsung.

Уживање во дополнителната содржина

Од телевизијата, денес се очекува да обезбеди широк избор на содржини за секоја пригода, па освен што ќе уживаат во програмата од широк спектар на телевизиски програми, корисниците ќе имаат на располагање и голем број на услуги како што се Netflix, YouTube, HBO со широк избор на највисок квалитет на музика, серии и филмови. Гледањето концерт на омилениот бенд на големиот екран со врвен квалитет на сликата или уживањето во една од најновите популарни серии, сега е полесно од кога било досега.

Тренинг како во теретана

Во ситуации кога се работи или учиод дома, исклучително е важно да се остане активен, дури и ако тоа значи да ја претвориме дневната соба во простор за тренинг. Видео тренинзите од сите видови сега се достапни со само неколку кликања. Со високата резолуција на екранот, корисниците нема да пропуштат ниту еден чекор, а со помош на достапните услуги лесно може да го најдат тренингот кој е идеален за подигнување на нивната фитнес рутина на уште повисоко ниво.

QLED технологија за прикажување на содржина

Со револуционерната QLED технологија, корисниците можат да бидат сигурни дека содржината на екранот ќе биде со највисок квалитет. Секоја нијанса од спектарот на бои видливи за човечкото око е јасно прикажана со користење на Quantum Dot AI решението кое комбинира врвен процесор со водечка платформа во индустријата, Tizen, за визуелно подобрување на секоја содржина.

Нема потреба да ја затемнувате просторијата или рачно да ја прилагодувате светлината на екранот затоа што опцијата Adaptive Picture го анализира степенот на осветленост и содржината на екранот, без оглед дали телевизорот се гледа во темна или светла просторија.

Исто така, сите корисници кои во периодот од 01.10.2020 до 31.12.2020 година, ќе купат некој од уредите од широкиот асортиман на Samsung QLED телевизорите, ќе добијат посебна гаранција од пет години за купениот модел. Сите детали за оваа промоција се достапни на следниот линк.

Работете од дома поудобно и полесно

Во 2019 година , Samsung ја воведе Remote Access опцијата достапна на најновите паметни телевизори, која  им овозможува на корисниците далечински пристап до содржината на нивниот компјутер и управување со податоци без оглед на локацијата на компјутерот.

Wi-Fi Direct опцијата, која доаѓа со Remote Access, е заслужна за непречено споделување на содржината на екранот помеѓу телевизорите и компјутерите, мобилните телефони и таблетите.

Малку мир и тишина

Сите понекогаш имаме потреба да се одмориме од гледање на екранот, за да уживаме во малку мир и тишина. За среќа, Ambient Mode го овозможува токму тоа.

Со Ambient Mode, кога се исклучени, Samsung телевизорите можат да создадат релаксирана атмосфера со прикажување уметнични дела, семејни фотографии и друга релаксирачка содржина. Кога корисниците сакаат целосно да одморат од екранот, тие можат да го постават Ambient Mode да се прилагодува на позадината зад уредот, така што екранот неприметно се меша со околината.

Трансформирањето на телевизорот во лична уметничка галерија никогаш не било поедноставно со Tap View опцијата, што овозможува да се пренесуваат и прикажуваат фотографии од паметен телефон на ТВ екран, со само еден клик.

Во последните години, модерните телевизори дефинитивно станаа многу повеќе од уреди за гледање на информативни програми и филмови, и тоа благодарение на бројните услуги и апликации што доаѓаат со нив. Денешните модели им нудат на корисниците широк спектар на опции за секоја ситуација, а придобивките кои се наведени овде се само некои од нив.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апликација која овозможува да се возите низ одредена светска метропола и истовреме да слушате локално радио

Редакција

Утринско кафе со поглед на делата на Тинторето и Веласкез

Редакција

(ВИДЕО) Емиратите ја лансираа првата ракета на Марс

Редакција