еМагазин
Image default
Македонија

Силјановска: Од мене, ниту било ниту ќе биде фикус, јас му припаѓам на родот на кактуси

Во долгата листа на изборни начела и стандарди, вградени во бројните изборни документи, заслужено место има оној за нужноста од неутрално однесување на државните органи и медиумите во изборниот процес.

Ама, јас, Гордана Силјановска – Давкова, од 31 јануари, станав подвижна мета на видеократијата, креирана од неброените провладини медиуми, пишува на својот Фејсбук профил, професорката Гордана Сиљановска- Давкова, кандидат за претседател на државата.

“Од 16-ти февруари, по одржувањето на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за претседател, дури и владата и премиерот се нафрлија со отровни „политички“ стрели на мене.

Вториов, ту како прв меѓу (не)еднаквите министри, ту како лидер на СДСМ, заборави на кршењето на копенхагеншкиот императив за одвојување на државата од партијата!

Невиден „изборен“ феномен е партиски портпарол да излезе на прес конференција со компаративна „анализа“ на мојот политички профил, спореден со оној на се уште актуелниот претседател, а престедателот на СДСМ, злоупотребувајќи ја државната функција премиер, да ме портретира низ призма на божемната заложба за живот, со право на смрт!

Се разбира, природно е млад партиски фикус да има фикусоидни асоцијации за други. Уште поприродно е главниот политички градинар на бесплодната парламентарна плантажа со над 81 фикусова билка да се плаши од политички кактус(и).

Од мене, ниту било ниту ќе биде фикус. Јас никогаш во животот, ниту дома, ниту на работа, ниту во кусото членување во Либералната партија и како нејзин претставник во двете години министерување во првата политичка влада, не сум била фикус. Секогаш сум била и ќе бидам своја.

Јас му припаѓам на родот на кактуси кога е критичката мисла и акција во прашање. Но, Волтера не го заборавам, па не нишанам по личноста, туку на ставот!

Едно е јасно: homo macedonicus за да биде homo europicus мора да ги замени бесплодните политички фикуси со кактуси!!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силјановска за коментарите за нејзиниот изглед: Не дека немам попривлечни фотографии во бикини, ама не прифаќам да бидам инспирација на мажите

Твитерџииите се испокараа за физичкиот изглед на Силјановска, првиот кандидат за претседател на државата

Ќе ја добиеме ли првата жена претседател: Која е Гордана Силјановска – Давкова

Фото: Фејсбук/Силјановска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Братот на Фатмир Бесими не смее да гласа за Владата, порачуваат од Антикорупциска

Редакција

Температура, малаксаност, кашлица: Кои се најчестите симптоми кај позитивните на Ковид-19 во Македонија

Редакција

Нема пријава за напад врз полицајци во Арачиново, ама има за недолично однесување на полициски службеници на тамошниот пункт, вели Спасовски

Редакција