еМагазин
Image default
Локално

Син и татко нападнале полицаец во Радуша

На 08.01.2019 година околу 11.00 часот на влез во село Радуша, скопско, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „Фиат“, без регистарски ознаки, а управувано од Б.Ф.(22) од село Радуша. Возилото не застанало, туку продолжило со движење, информира МВР.

По преземени мерки, Б.Ф. бил забележан пред неговиот дом во село Радуша, кадешто тој и неговиот татко Н.Ф.(56) физички нападнале полициски службеник. Б.Ф. и Н.Ф. се приведени во Полициската станица Ѓорче Петров за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Му се заканувал на полицаец додека сведочел во судница

Редакција

МВР поднесе кривични пријави против повеќе членови на навивачки групи

Редакција

Разбојници „олесниле“ казино во Скопје

Редакција