Град Скопје распиша конкурс за избор на идејно архитектонско и хортикултурно решение за отворена летна сцена со парк „Универзална“ во Општина Центар на местото каде што сега се наоѓа Универзалната сала.
Првата награда на конкурсот е 180.000 денари, втората награда е во нето износ од 120.000 денари, а третата награда е во нето износ од 60.000 денари.
Во конкурсот се бара решение кое ќе ги задоволи потребите на жителите од околните објекти, но и на Град Скопје.
Исто така се остава можност делови од надземјето или подземјето на постоечкаката Унивезралната сала да се задржат односно да се вклопат во новата средина за да се зачува споменот на овој објект.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.