еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сите детали за школската година: Како ќе бидат оценувани учениците, колку ќе траат часовите

Министерката за образование и наука, Мила Царовска денеска изнесе детали за тоа како ќе се одвива школската година, до кога ќе трае и на кој начин учениците ќе бидат оценувани.

– Почетокот на учебната година вообичаено е на 1 септември, но наставната програма може да почне на 1 октомври, како што ќе биде случај сега. Ќе се работи на скратени програми што, според закон, нема да бидат под 100 часа.

Бирото за развој на образованието овојпат ги скрати програмите за да може да ја завршиме школската година на 10 јуни. Наместо 180 денови, ќе имаме 159 што ќе треба да се адаптираат во програмата.

Програмата е поедноставена, часовите ќе траат 30 минути и сите овие програми со упатство за употреба ќе треба да бидат доставени до училиштата во петок, рече Царовска.

Таа додаде дека се подготвува и посебно упатство за оценување, за онлајн наставата да даде максимален квалитет.

„Оценувањето ќе се спроведува со физичко присуство, во групи, доколку епидемиолошката состојба во општините тоа го дозволува тоа,“ додаде таа.

Училиштата пак, во зависност од просторот што го имаат може да ја организираат наставата со преполовени класови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По 15 септември ќе се знае колку ученици ќе ја следат наставата со физичко присуство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Земјите од Западен Балкан кои имаат волја за реформи ќе добијат пари од ЕУ, порача од Тирана, Фон дер Лајен

Редакција

Девизните резерви на крајот на април 4,12 милијарди евра

Редакција

Обвинителството побара притвор за уште едно лице кое протестирало за пресудата за „Монструм“

Редакција