Во рамки на предистражната постапка за предметот поврзан со работата на Клиниката за радиотерапија и онкологија, со барање од 13. септември 2023, Основното јавно обвинителство Скопје ги обезбедило сите изготвени извештаи од извршените вонредни надзори на Фондот за здравствено осигурување, за финансиското работење на Клиниката, за периодот 1 јануари 2015 – март 2023 година, информираат од таму.
„Нов тримесечен извештај, за периодот до јуни 2023 година, согласно информациите добиени од Фондот, е во финална фаза на изработка и веднаш потоа ќе биде доставен до Обвинителството.
Нагласуваме дека до овој момент воопшто не е изготвен извештај што го опфаќа периодот до август 2023 година. Сите докази во предметот се обезбедени и веќе се предмет на анализа од стручни лица,“ се вели во соопштението.
Во него се посочува и дека предистражната постапка не опфаќа одреден временскиот период и ги испитува сите евентуални незаконитости без разлика кога се случиле.
„Секој што има дополнителни сознанија за овој настан има обврска да ги пријави до надлежните органи“, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски објави нови сознанија за случајот со Онкологија